Сертифицираниот професионалец за пенетрациски тестови или скратено CPENT, одново ги пишува стандардите за развој на вештините за пенетрациски тестирања
Програмата на EC-Council за Certified Penetration Testing Professional (CPENT) ве учи како да извршите ефективни пенетрациски тестови во корпоративна мрежна околина што треба да биде нападната, искористена и одбранета. Ако сте работеле само со едноставни мрежи, со помош на практичните вежби во живо од курсот CPENT, вашите вештини ќе ги подигнете на повисоко ниво и ќе научите како да ги тестирате IoT системите, OT системите, како да пишувате ваши скрипти или програми за искористување на слабостите на системот, да креирате ваши алатки, да извршувате напредна експлоатација на бинарни датотеки, да извршите таканаречен double pivot за да пристапите до скриени мрежи и исто така да приспособувате скрипти/програми за искористување за да навлезете и во внатрешните сегменти на мрежата.