Дона Илијоска - Академија за човечки ресурси

Rising star of the week - Дона Илијоска

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на човечките ресурси?

Предводена од желбата за учење нови работи и надградување на вештините, ја одбрав Семос Академијата за човечки ресурси. Како нов предизвик, се одлучив токму за оваа област поради широкиот спектар на можности кои ги нуди овој сектор. Оваа одлука ми помогна да ги проширам хоризонтите од кои би имала придобивки во иднина.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на човечки ресурси?

Проектите на Академијата беа реален вовед и одличен начин на запознавање со вистинската работа во областа Човечки ресурси. Ми помогнаа критички да размислувам за секојдневни и не толку секојдневни ситуации кои се дел од работата на овој сектор.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Човечкиот капитал е движечка сила и само преку негово правилно управување компаниите ќе можат да ги остварат своите цели. Како што се зголемува свесноста на компаниите за значењето на човечкиот капитал, така се зголемува актуелноста и побарувачката за стручен кадар во областа на човечките ресурси.