Rising star of the week Петар Ѓорѓиоски

Петар Ѓорѓиоски – Python developer

„Кариерното советување е на високо професионално ниво“

Петар, како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека како Python developer?

Отсекогаш сум бил заинтересиран за програмирање, било да е тоа креирање игри, веб страни, или пак вештачка интелигенција... Со малку истражување дознав за Семос Едукација и можностите кои ги нуди и се решив да започнам да изучувам Python кај нив, обука од која сум премногу задоволен.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел да станеш Python developer?

Завршниот проект беше добар предизвик кој ни овозможи да го искористиме нашето стекнато знаење во пракса и да се предизвикаме самите себеси да истражуваме и да навлеземе повеќе во суштината на програмирањето.

Што би им препорачал на оние кои сè уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Доколку се двоумите да го направите првиот чекор кон програмирањето, ве охрабрувам тоа да биде во Семос Едукација. Инстукторите темелно го покриваат целиот материјал и секогаш се на располагање на слушателот. Кариерното советување е на високо професионално ниво.