Rising star of the week Маргарита Здравева

Маргарита Здравева – JavaScript developer

 

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека како JavaScript developer?

JavaScript developer е професија која е доста барана на IT пазарот, а JavaScript еден од најпопуларните програмски јазици. Оваа професија е динамична и полна со предизвици, интересно е што секојдневно се учат нови работи. Затоа решив моето знаење да го проширам и надополнам токму во оваа област. Сето ова ме поттикна да се запишам на JavaScript Академијата во Семос Едукација. Работевме и учевме по најновите технологии, под менторство на вистински професионалци кои несебично го споделуваа своето знаење и искуство со нас.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера како JavaScript developer?

Севкупното знаење и искуство кое го стекнав во текот на Академијата требаше да го претставам во завршниот проект. Предизвик во кој по успешното изучување на технологии од Front-end и Back-end направив финален производ, односно една комплетна веб страна. Научив како да се справувам со проблемите и како за истите да наоѓам решение. Самата презентација на проектот ми донесе едно ново искуство,  а тоа е како треба во иднина да ги претставувам моите проекти пред клиенти.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Нема простор за двоумење доколку сте одлучни и отворени за нови знаења и предизвици. Семос Едукација е вистинското место каде можете да стекнете многу знаења од различни технологии и области.