Rising star of the week Игор Грозданоски

Rising star of the week

Игор Грозданоски – UX/UI дизајнер

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека како UX дизајнер ?

Јас сум личност која доста време посветува на детали и сака работите да функционираат по одредени правила и редослед, па поради тоа се пронајдов во UX дизајнот. UX е насекаде околку нас но ние не секогаш сме свесни за тоа и голема е веројатноста да не го забележуваме. Исто така, имам голем интерес за технологијата уште од рана возраст.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел да станеш UX дизајнер?

Во завршниот проект јас го применив целокупното знаење кое го стекнав за време на оваа обука. Благодарение на високата стручност и компетентност на инструкторите од областа на UX/UI, како и нивната достапност во секое време, јас како студент успеав да го совладам материјалот за доста кратко време, да ги научам основите на дизајнот и алатките кои ни се потребни.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Нема потреба од двоумење бидејќи ова е најбарана професија за која нема потреба од некои претходни знаења (иако мала предност би имале тие што имаат искуство со графички дизајн). Потребно е само силна мотивација и желба за учење, упорност и трпеливост во исполнување на целта, а на крај вложениот труд ќе се исплати.

Во оваа прилика сакам да ја искажам мојата благодарност што имав можност да бидам дел од една прекрасна обука и да запознаам прекрасни луѓе, пред сè, големи професионалци!