Rising star of the week Виктор Ванчов

Виктор Ванчов – AI Practitioner

Разговараме со Виктор Ванчов, најмладиот студент на официјалната CertNexus Академија за вештачка интелигенција во Семос Едукација.

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на вештачката интелигенција?

Јас сум Виктор Ванчов и ја посетував сертифицираната CertNexus Академија за вештачка интелигенција. Се одлучив за оваа кариера бидејки отсекогаш ме фасцинирала оваа тема во компјутерската област. Долго време бев програмер за видео игри и идејата дека може да се имплементира вештачката интелигенција во нив ми беше главната причина да навлезам во оваа интересна област.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на вештачка интелигенција?

Завршниот проект ме научи на многу корисни работи, надвор од областа на видео игрите.  Сепак, многу ми помогна да добијам идеја за тоа како машините „учат” и колкава е нивната моќ.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Доколку имате интерес во оваа област, би ви препорачал да се запишете на Академијата бидејќи таму ќе ги научите потребните вештини за професионална употреба на вештачката интелигенција. Исто така оваа област станува сè поинтересна колку повеќе учите и истражувате за неа.