Наш Талент Партнер Writerity

Одберете Академија во Семос Едукација затоа што иднината на работењето е во IT секторот

Јапонската компанија Writerity е нашиот нов Талент Партнер во рамките на Академијата за графички дизајн од која црпи нови таленти, потенцијални графички дизајнери во компанијата. Поразговаравме со нив за дејноста на компанијата, нивната мисија и визија но и за соработката со Кариерниот центар и Академиите во Семос Едукација.

Кои се Writerity?

Ние сме првата јапонска IT компанија во Македонија која обезбедува веб дизајн, развој на системи и веб-реклами, лоцирани во Охрид, Република Северна Македонија. Нашите главни клиенти се моментално од Јапонија, а другите придружни компании се во Филипините, Непал и Германија.

Во моментов, најголемиот дел од нашата работа е cконцентрирана на видео дизајн за јапонскиот пазар. Taкa, создаваме производи за интернет маркетинг кампањи, како медиумски банери и видеа за јапонските клиенти. Нашиот следен чекор е да се проширеме во САД и Европа. Воедно, се обидуваме да ги охрабриме луѓето да работат од каде било во светот користејќи ги нивните IT и јазични вештини.

Од 2011 година, нашата подружничка компанија има училиште за IT и англиски јазик во Себу, Филипини. Затоа сега и ние имаме цел да ја започнеме нашата прва наставна програма во Северна Македонија. Целни студенти се сите оние кои не зборуваат мајчин англиски јазик и почетници во IT.  Затоа, главната цел на оваа програма е да ги мотивира студентите да го подобрат нивното знаење на англискиот јазик и IT вештините за да станат космополитски IT професионалци.

Како изгледа еден работен ден во Writerity?

Вработените дизајнери го почнуваат својот работен ден со тоа што бираат една од слободните задачи зададени од клиентите од Јапонија. Тие им праќаат листа со инструкции за секоја задача за сето она што треба да се измени, поправи и додаде. 

Времетраењето на изработката на една задача зависи од комплексноста на истата, затоа при целиот процес има непрекината комуникација меѓу вработените за која било задача, како и соработка на задачите помеѓу поискусните и нововработените дизајнери.

Како ја почнавте соработката со Семос Едукација?

Откако направивме релокација на седиштето на компанијата во Охрид, решивме да започнеме поинтезивен процес на регрутација и така решивме да започнеме соработка со академии и тренинг центри од каде би црпеле свежи кадри, а за возврат би им давале можност за работа на реални проекти.

Зошто се одлучивте да бидете Талент Партнери во рамки на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација?

Причината поради која се одлучивме да станеме Талент Партнер е затоа што една од главните гранки со која се занимава нашата компанија е Motion Graphic Design бидејќи сакаме да го прошириме нашиот тим, додатно и да го пренесеме нашето знаење на можни идни графички дизајнери.

Што би им препорачале на слушателите кои изучуваат академии во Семос Едукација?

Да ја зграпчат можноста за промена или надоградба на нивната кариера и да се запишат на Академија во Семос Едукација затоа што иднината на работењето е во IT секторот.