Драгана Стојановска Recruitment consultant

HR Академијата е добар начин за влез во HR светот

Академијата за човечки ресурси, како една од нашите најуспешни Академии, постојано ја надградуваме со најновите програми и трендови од HR индустријата со цел да им пружиме модерен пристап, практична настава и квалитетна програма на нашите студенти. За искуството со Академијата за човечки ресурси, поразговаравме со Драгана Стојановска, една од најуспешните студенти од изминатата генерација на Академијата, чиј труд беше забележан и награден со пракса во Кариерниот центар на Семос Едукација

Kажи ни нешто за себе?

- Јас сум Драгана, студент на Институтот за Психологија на Филозофски факултет при УКИМ. За време на втората година од моите студии, за прв пат се сретнав со областа на човечки ресурси и веднаш знаев дека ова е вистинската професија за мене. Како дел од моите студии, се запознав со организациска психологија и психологија на труд, но знаев дека, за да работам како HR професионалец, ќе треба да се стекнам со дополнително знаење. Разгледував доста опции за доедукација во оваа сфера и така дознав за можностите кои ги нуди Семос Едукација. Програмата е сеопфатна, а добив и многу позитивни коментари од минатите студенти на Академијата, така што не се двоумев многу и решив да аплицирам. Ова беше една од најдобрите одлуки кои ги донесов, бидејќи откако ја завршив едукацијата, заедно со моето знаење и вештините коишто ги стекнав, успеав да се вработам како регрутер и да го работам тоа што го сакам.

Кои се твоите лични и професионални цели?

- Како психолог и регрутер, најважна цел ми е да продолжам да се развивам и да растам, како на личен, така и на професионален план. Сметам дека само на тој начин може да се напредува во овој динамичен свет во којшто живееме. Од професионален аспект, сметам дека HR светот нуди огромен спектар на можности и иако сега започнувам како регрутер, понатаму би сакала да ги работам и другите сегменти од HR, како мотивација и развој на вработените.

Што се случи по обуката (вработување, промена на кариера, унапредување..)?

- Веднаш по завршувањето на мојата обука, ми се укажа можноста да почнам како практикант во Кариерниот центар на Семос Едукација. Имав шанса да соработувам со Ивана, Менаџер на Кариерниот центар, која ми помогна да стекнам практично искуство во делот на регрутација и селекција на кандидати, соработка со клиенти и компании, како и реализација на проект и за тоа сум неизмерно благодарна. Исто така, соработував со искусните колеги од HR секторот и стекнав искуство и во делот на развој на вработените. По завршувањето на мојата пракса, бев подготвена да започнам со работа и веднаш успеав да се вработам како регрутер во Frontwise Group и морам да признаам дека сум многу среќна, бидејќи навистина уживам во својата работа.

Опиши го твоето искуство со обуката и што најмногу ти се допадна од неа?

- Тоа што најмногу ми се допадна во поглед на Академијата за човечки ресурси, беше фактот дека предавачите се луѓе кои имаат практично искуство во областа и сакаат да го пренесат своето знаење. Тие успешно ги покрија сите аспекти од HR-от, заедно со многу примери од пракса, вежби и неизмерна поддршка за учесниците на Академијата. Сите колеги соработувавме заедно, си помагавме меѓусебе и се формираа многу пријателства. За мене, ова беше преубаво искуство, бидејќи имав шанса да учам и да соработувам со видни имиња од индустријата и да се стекнам со вештини коишто се клучни за мојата секојдневна работа.

Што би им порачала на младите луѓе и генерално на луѓето кои сакаат да работат во HR секторот?

- Најдобриот совет што би можела да им го дадам на младите луѓе е активно да работат на остварување на своите цели. Знам дека во многу моменти ќе се соочат со предизвици, но најважно од се е никогаш да не се откажуваат. На сите луѓе коишто сакаат да работат во HR сферата, без разлика дали се почетници или размислуваат за промена на кариера, би им препорачала да не се двоумат. Моментално постои голема побарувачка за професионалци во оваа област, а работата е динамична и остава простор за вистинска промена во корпоративниот свет.