Успешна соработка со ПроКредит Банка

Успешна соработка – ПроКредит Банка

Кариерниот центар постојано остварува успешни соработки со компании од сите дејности, институции, банки и сл. Овојпат една од водечките банки во државава, ПроКредит Банка, реши својата доверба да ја даде на Кариерниот центар на Семос Едукација, а станува збор за вработување на слушател од Семос Едукација во нивниот сектор за управување со информативен систем. Ги прашавме какво е нивното искуство со Кариерниот центар на Семос Едукација.

Кои се  ПроКредит банка?

ПроКредит Банка е дел од ПроКредит Групацијата и е водечка банка за мали и средни претпријатија во земјата. Се стремиме да изградиме и одржуваме долгорочна партнерска соработка со компании во развој, напредни, како и социјално и еколошки свесни компании.

Нудиме висококвалитетна услуга за мали и средни претпријатија, како и за физички лица кои  преферираат банкарска услуга преку електронски канали. Во нашето работење се придржуваме до неколку основни принципи: вреднуваме транспарентност во комуникацијата со нашите клиенти, не промовираме потрошувачки кредити, се стремиме со нашето работење да придонесеме за зачувување на животната средина и нудиме услуги кои се темелат на разбирање на ситуацијата на секој клиент и на добра финансиска анализа.

Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?

Кариерниот центар на Семос Едукација обезбедува можност да допреме до повеќе потенцијални кандидати кои сакаат да напредуваат, се стремат кон професионален развој, како и поддршка во целиот процес на регрутација и селекција.

Како Кариерниот центар ви помогна да пронајдете соодветен кандидат за вработување во секторот за управување со информативен систем?

Кариерниот центар нè поддржа во процесот на регрутација со тоа што ни помогна да пронајдеме квалитетни кандидати кои се амбициозни, подготвени да работат во динамично опкружување и би се вклопиле во културата на нашата институција.

Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот центар?

Отворената комуникација, зголемениот пристап до потенцијани квалификувани кадри, како и поддршката при селекција на кандидати.

Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?

Добрите и квалитетни кандидати се тешки за пронаоѓање, но не значи дека тоа е невозможно. Доколку компаниите се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови во тимот, би им препорачале да  покажат што ја прави нивната компанија уникатна и да го земат предвид Кариерниот центар на Семос Едукација  кој ќе им помогне при целиот процес на регрутација.