Трајче Петковски обединување на танц и бизнис

Новите Adobe вештини од Летната менторска програма креативно ги обединија танцот и бизнисот

IT професиите се есенцијални во секоја област и бизнис, па дури и во студијата за модерни танци. Потребата од нови IT вештини е евидентна и неопходна за развој на сите бизниси, а со труд и мотивација, успехот е неминовен. Доказ дека упорноста и желбата да се научи нова, креативна вештина се рецепт за успех на личен и професионален план е и Трајче Петровски, сопственик на студиото за модерни танци Break a leg и алумни од Летната менторска програма Graphic designer by Adobe. Со него си поразговаравме за тоа како го имплементирал искуството од обуката во својата секојдневна професија.

 Како дојде до одлуката да се вклучиш во Летната програма за Graphic designer by Adobe?

Работата во студио за танци бара постојано да бидете во тек со трендовите, особено поради тоа што најголемиот процент од нашите членови се тинејџери. Тоа подразбира разни мултимедијални содржини за кои требаше да ангажираме трети лица , било да станува збор за видео продукција или графички решенија. Поучен од сите слабости кои таквиот тип на соработка ги има (време да се запознае со коцепцијата и филозофијата на работење, она што ние го бараме за конкретниот проект па се до финалниот производ кој може да излезе поразлично од она што сме го замислувале) и "брзината" на процесот, одлучив дека еден од начините за да го забрзам тој процес е да се приклучам на Летната менторска програма на Семос Едукација.

Како сопственик на студио за модерни и латино танци, креативноста е во твојата ДНК, дали претходно си имал искуство со Adobe и како тоа ти помогна од аспект на твојот бизнис? 

Иако сме студио за модерни танци, работиме само хипхоп танц и искрено немаме место за останатите типови на танци. Од познавања сум работел на Sony Vegas i Sound Forge но бев запознаен со можностите и потенцијалот кои ги нудат Adobe програмите.

Што најмногу ти се допадна од искуството со Летната менторска програма? Ваш совет до идните слушатели на оваа обука?

Сите предавачи беа одлични, секој со својот стил на работа. Не можам да издвојам нешто конкретно, буквално сè ми се допадна бидејки секој ден беше ново искуство и акумулирање на нови знаења. Би ги посоветувал идните слушатели на обуките да ја искористат бенефитите кои ги нуди оваа програма, како што се членството во Кариерниот центар на Семос Едукација со кое добивате можност за понатамошно кариерно надградување и конекции со нивните фирми-партнери, што секако ги отвора вратите кон потенцијално вработување. Уникатната шанса за делумни стипедии е дополнителен бенефит кој многу го олеснува учеството во обуките.

Какви совети доби од инструкторите на Менторската програма и дали ги применуваш во твоето секојдневие?

Најдобриот совет што го добив е дека до финалното решение секогаш постојат неколку начини преку кои можете да стигнете до истото. Овие програми оставаат многу простор за импровизација и за покажување на креативноста. 

Секојдневно ги применувам за Брејк А Лег и за други проекти и искрено планирам да се запишам и на Академијата за графички дизајн. Во меѓувреме добив и понуда да работам во ПР за светската танцова федерација, така што во совршен момент ја завршив летната програма

Ги охрабрувам сите кои размислиле да се запишат да не се двоумат, бидејки за релативно минимални средства може да добиете максимум можности во животот.