Олгица Нестороска HR Recruiter во Seavus

„HR Академијата ми го покажа правецот кон кој сакам да ја движам мојата кариера“

Одделот за човечки ресурси е срцевината на секоја организација, двигател на талентите на вработените, место каде емпатијата кон вработените и визијата за компанијата да стане подобро место за работа се во преден план. HR Академијата во Семос Едукација е сконцентрирана на HR практики со интензивен, практичен и интерактивен пристап, единствен во Македонија. За успехот на Првата HR Академија во Македонија, разговаравме со Олгица Нестороска, студент на HR Академијата во Семос Едукација.

Кажи ни нешто за себе и зошто се одлучи за човечки ресурси?

Моето име е Олгица Нестороска, дипломиран преведувач од англиски на македонски и обратно, во комбинација со шпански јазик. Без разлика на додипломските студии и мојата вокација секогаш сум работела како дел од поддржувачки тим на продажби, а тоа подразбира постојан допир со луѓе во комплексен бизнис свет каде се бара добра проценка и упорност, па сето тоа некако природно наложи Мастер студиите да ги продолжам на катедрата за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси.

Како изгледа еден работен ден на HR?

Доста динамично и интересно темпо кое е дефинитивно согласно мојот темперамент и каде нема простор за монотонија. Како дел од тимот на регрутери,  на дневна основа контактирам со голем број на колеги и девелопери, но и со партнер компании кој дополнително ми ја зголемуваат листата на контактирани девелопери – консултанти. Секако ова подразбира постојано стратешко размислување согласно компаниските потреби на клиентите, како и соодветна анализа и детектирање на потенцијал за раст соодветно на тековните проекти и со самото ова работниот ден никогаш не може да ми биде ист.

Како Академијата за човечки ресурси ти помогна во секојдевното работење?

Јасно е дека теоријата е важна, но е ирелевантна и некои работи може да паднат во заборав ако нема соодветна пракса. Една реченица кажана, но доволно моќна за да ја отслика соодветно Академијата за човечки ресурси и како мене ми помогна во секојдневното работење, и секако само ми послужи како потврда дека ова е правецот кон кој сакам да ја движам мојата кариера.

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

Првенствено предавачите, потоа константните интерактивни практични примери и секако моментот дека правните аспекти и не се толку досадни кога соодветно се претставени и предадени, е тоа е умешност!

Како напредува HR индустријата во Македонија, а каков е тој напредок во светски размери, твое мислење?

Би можела да кажам дека и кај нас се повеќе соодветно се вреднува потребата за добро обучен и квалитетен HR кадар, затоа што конечно се сфати дека ова е срцевината на секоја компанија, и без соодветен тим во оваа област особено во регрутацискиот дел нема да има ни соодветен напредок и секако колку се поценети вработените толку поголем ќе биде и успехот на самата компанија. HR како гранка е дефинитивно во постојан подем, што особено ме радува, и секако верувам дека ќе застанеме рамо до рамо на светско ниво во блиска иднина!

За крај, што би им порачалa на оние кои сакаат да се приклучат на HR Академијата?

Топла препорака за секој кој е дел од HR, но и оние кои не се, односно оние кои сакаат да направат кариерна промена, незаборавно искуство особено ако се создаде кохерентност и хармонија како во групата од која бев дел. Доволно е само да имате емпатија кон луѓето и да сакате да работите со нив, а за останатото ќе се погрижи тимот на професионалци на HR Академијата кои се врвни во својата професија, од кој ќе имате што да научите и ќе ги паметите уште долго и после крајот на програмата, успехот е неизбежен!