Никола Блашковски - фриленсер

Kажи ни нешто за себе?

 - Јас сум Никола Блашковски, имам 18 години и сум студент на Фармацевтски Факултет. Од неодамна почнав да се занимавам и со фриленс работење како видео продуцент.

Зошто се одлучи да го посетуваш курсот за фриленс во Семос Едукација?

 - Сметав дека овој курс ќе ми помогне во мојата кариера, пред се во пронаоѓањето на мојот прв клиент на Upwork, и ќе ми помогне подетално да научам за работите во светот на фриленс.

Како одлучи да станеш фриленсер?

 - Мојата одлука за да станам фриленсер ја донесов најпрво заради флексибилноста на работата, и тоа што можам да работам од дома и да уживам во слободата што ја нуди овој тип на работа.

Како ја најде твојата прва работа на Upwork?

 - Првата работа на Upwork ја пронајдов веднаш по завршувањето на предавањате на курсот кое се однесуваше на составување понуда,и успешно го применив тоа што го научив на тој час. Успеав да остварам соработка со мојот прв клиент и истата се уште трае.

Кој е најдобриот совет што го слушна на курсот во Семос Едукација и дали го практикуваш во своето работење?

 - Најдобриот совет кој го добив на предавањата на курсот за фриленс е да се биде упорен,  да не се откажувам доколку бидем одбиен од првите клиенти и да можам сам да менаџирам со своето време.

Каков совет би им дал на оние кои моментално бараат работа како фриленсери?

 - Најдобриот совет кој би можел да им го дадам на оние кои бараат работа како фриленсер е најпрво да го посетат курсот за фриленс од Семос Едукација, а потоа да ги применат сите совети и вештини кои ќе ги стекнат од истиот. 

Што би им порачал на младите луѓе и генерално на луѓето кои сакаат да работат како фриленсери?

 - На луѓето кои сакаат да работат како фриленсери би им препорачал да бидат упорни, трпеливи и да не се откажуваат. Исто така да ги користат сите можности за соработка и да бараат повеќе алтернативи.

Ако сакаш и ти да имаш успешна приказна како Никола, приклучи се на третата група која стартува на 02.02.2022