Над 5000 слушатели во моментов во Семос Едукација

Над 5.000 слушатели во моментов во Семос Едукација

Од курсеви за деца до IT официјални обуки за професионалци

Професиите на иднината најбарани оваа есен

5.000 луѓе во моментов се на пат да ги унапредат своите дигитални вештини, да се стекнат со нови или да ја сменат својата кариера. Признаваме, горди сме на овој број на слушатели, бидејќи тој е потврда дека сме успеале во мисијата да ги поттикнеме луѓето да вложуваат во себеси, особено сега, кога светот треба одново да се воздигне. Уште повеќе нѐ радува фактот што оваа бројка не е конечна, напротив, расте секојдневно. Ова е одличен мотив да продолжиме да ги подобруваме условите за нашите сегашни и идни студенти, да воведуваме нови обуки во согласност со потребите на слушателите, но пред сѐ да ги увериме луѓето дека IT секторот нуди стабилна иднина и висока заработувачка.

Интересен факт: Од 1995 година до денес, во Семос Едукација обука следеле над 100.000 лица.

Нудиме безбедна едукација во услови на пандемија

Периодов пред нас се испречија многу предизвици кои бараа брза реакција. Нашиот фокус беше да обезбедиме непречена и безбедна настава во услови на пандемија, што влијаеше на нашата одлука да воспоставиме хибридна настава или истовремено и реално следење на предавањето во училница или онлајн. Како и до сега, предавањата се интерактивни, со вклучени практични вежби и целосна достапност на едукаторот и за физички присутните слушатели, но и за оние кои нѐ следат онлајн. За дополнителна безбедност, креиравме мали групи што, од друга страна, ни дава сигурност дека секој поединец го примил знаењето одвоено за конкретниот час.

Предаваме потпирајќи се на најсовремена технологија

Нашите 15 училници се опремени со најсовремена технологија и тековно се прилагодуваат со цел да одговорат на потребите на различните обуки. Оваа сезона, дополнително инвестиравме во технологија која ќе го олесни следењето на онлајн наставата. Ги добивме и првите пофалби од студентите за непреченото одвивање на наставата и 24 часовната техничка поддршка што ја имаат на располагање.

Ние сме екипа од високообразовани експерти кои се барани и во светот

Нашиот тим од 103 сертифицирани инструктори и тренери и останатите 36 вработени, сезонава имаа задача плус – да поминат специјална обука со цел соодветно да ги пречекаат студентите во „новото нормално“. И понатаму продолжуваме да работиме по строго дефинираните правила пропишани од нашите партнери (Microsoft, Cisco, Oracle, AWS, EC-Council, VMware, ISTQB, Unity, Autodesk, Adobe…). Цели 25 години работиме строго професионално, сѐ со цел да обезбедиме успешна едукација која по ништо нема да отскокнува од онаа што се нуди во светот. Токму затоа, нашето интернационално присуство бележи континуиран раст, имено, услугите и обуките на  Семос Едукација се нудат во над 35 земји од светот. Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Холандија, Белгија, Германија, Естонија, Кралство Саудиска Арабија, Малта, Шпанија, Италија, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна, Хрватска, Бугарија, Албанија се само дел од земјите каде што нашите тренери спроведуваат обука. Ова е доказ дека сме успеале да ги постигнеме меѓународните стандарди, но и личните преференци на луѓе со различни културни навики.

Знаењето кај нас е сертифицирано

Тестинг Центарот е клучната алка во целата оваа приказна. Зошто? Бидејќи ние се издвојуваме по тоа што го крунисуваме стекнатото знаење со меѓународно признат сертификат. Тестинг центарот функционира по строги правила и е под постојан мониторинг од нашите партнери со цел да се овозможи доследно тестирање и веродостоен сертификат за повеќе светски познати брендови.

Градиме нераскинливи врски со студентите

Да, поинаквме сме по многу нешта, но уникатни сме по една работа – градиме нераскинливи врски со нашите студенти. 14 академии, 327 курсеви, 34 едукативни програми, честопати знаат да ги збунат и навидум најодлучните. Затоа имаме тим оспособен да:

  • Направи евалуација на знаењата и афинитетите на кандидатите и да ги насочи на вистинскиот пат.
  • Да им ги пренесува знаењата на кандидатите, преку втемелување на реални ситуации и проекти во самите предавања.
  • Преку Кариерниот центар, да ги поврзе кандидатите со цела една мрежа од контакти преку кои би дошле до вработување или пракса. Кариерниот Центар на Семос Едукација служи како алатка за регрутација на кадар на многу домашни и странски компании.
  • Да им помага на кандидатите секогаш кога ќе наидат на проблем на работното место.
  • Да ги регрутира и дообучи кандидатите кои покажале интерес да станат дел од семејството на Семос Едукација.