Маја Нацевска - фриленсер, Академија за внатрешен дизајн

“Со знаењето кое го стекнав на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација, се чуствувам спремна за следното поглавје во мојот живот и секој предизвик кој доаѓа со професијата Дизајнер на ентериери”

Интервју со Маја Нацевска, фриленсер на проекти поврзани со внатрешен дизајн и графички дизајн.

Неколку реченици за себе.

Моето име е Маја Нацевска и сум дипломиран Историчар на уметност. Поради условите во кои живееме, бев приморана да пронајдам други интереси и професии кои се во допир со тоа што го учев и моите афинитети. Откако знам за себе, креативноста е нешто што ме исполнува и прави среќна, па така пред 2 години мојата нова животна приказна започна токму со Семос Едукација.

Како го поврзуваш твоето претходно занимање со дизајн на ентериер?

Уметноста е дел од мојот живот во многу различни форми. Од школувањето, работа на проекти поврзани со културното наследство, преку сликање, рачна изработка на секаков вид додатоци, работа како make-up artist, креирање на мој бренд за изработка на dream catchers и секако уживањето во разместување и одново уредување најпрво на мојата соба, а сега и на мојот стан.  Сето она што сум, природно ме насочи кон внатрешниот дизајн и воопшто не се каам што го одбрав овој пат .

Што те мотивираше да ја започнеш својата приказна токму со нас?

Со почетокот на пандемијата, туризмот замре. Работам професионално како туристички водич за дојдовен туризам и тоа ми беше тежок период. Туристи нема, прекуграничниот проект со Косово за Културно Наследство тогаш привршуваше и одеднаш се најдов со многу слободно време и многу прашања, меѓу кои  „што понатаму “? Отсекогаш сум сакала да започнам нова приказна и токму ова време ми даде простор да истражам што точно сакам. Така започна мојот пат со Академијата за Внатрешен Дизајн на Семос Едукација.

Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?

Дефинитивно курсот за 3DsMax кој ни беше пренесен од страна на Јулија Груевска. Тоа е сложен и тежок програм кој бара посветеност, меѓутоа Јулија ни го пренесе на еден лесен, забавен и релаксиран начин, дополнет со многу повторување и зборување за работите што не ги знаеме, трикови и насоки поради што веднаш знаев дека крајниот проект ќе го работам во 3DsMax.

Каде те однесе патот по самото завршување?

Ми отвори нови хоризонти и ми даде конкретни насоки и идеи за понатамошен раст. Се впуштив во водите на дигиталниот свет и фриленс работата која зема се поголем замав. Денес работам како фриленсер на проекти  поврзани со внатрешен дизајн и графички дизајн.

Што им препорачуваш на сите кои сакаат да се запишат на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација?

Моја препорака е дека секој кој сака да се стекне со големо знаење и да започне еден ваков пат, дефинитивно не треба да се мисли. Јас ја завршив Академијата во време кога уште бевме дома поради Ковид и знам дека после долго размислување кој пат да го започнам, го избрав правилното за себе. Со знаењето кое го стекнав на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација, се чуствувам спремна за следното поглавје во мојот живот и секој предизвик кој доаѓа со една ваква професија.

И секако, би сакала да ве посоветувам да поставувате милион прашања ( вели Маја низ смеа 😊). Јас мислам дека можеби на моменти бев и досадна, но тоа ми ја даде самодовербата и можноста целосно да ги разберам работите. Професорите се отворени за дискусија и во ниеден момент нема да ве остават без одговори и неразјаснета материја.

Кои се твоите идни очекувања и желби кои би сакала да ги споделиш со нас?

Очекувања и желби имам милион, но секогаш оставам времето и текот на работите да го кажат своето. Би рекла дека моментално најголемиот предизвик и желба ми е да растам на кариерно поле и секако секојдневно да имам причина и можност за искрена насмевка и радост. 😊