Ангела Чучкова - пример за успешно надградување

Ангела Чучкова

Архитект и Графички дизајнер – пример за успешно надградување на образованието со дигитални вештини

Како пример нека послужи инспиративната приказна на Ангела Чучкова; во зборовите на оваа млада и исклучително талентирана дама, несомнено ќе најдете мотив и храброст да креирате своја, уникатна приказна насловена Графички дизајнер.

Ангела е доказ дека стекнатото образвование, секогаш може умешно да се комбинира и надгради со актуелни вештини со цел да останете атрактивни на пазарот на трудот. Нејзината сторија во продолжение...

ЗА ЉУБОВТА КОН ГРАФИЧКИОТ ДИЗАЈН

„Имам 26 години, родена сум и живеам во Скопје, по образование сум архитект со голема љубов и интерес за графичкиот дизајн, што беше клучно во мојот избор кариерно да се пренасочам како full-time графички дизајнер. Наклонета сум кон илустрација, а стилски преферирам да работам со чисти и едноставни форми и да пренесам порака која е јасна, влијателна и честопати со одредена доза на хумор во себе. Во слободно време, како хоби, дизајнирам накит и модни додатоци. Себеси се доживувам како личност со голем број на интереси од кои црпам инспирација за сето она што го креирам, меѓу кои како главни би ги наброила астрономијата и жанровите научна фантастика и фантазија,“ вели Ангела.

„Уште во текот на студентските денови развив интерес за графички дизајн, подоцна почнав да се занимавам со freelancing и знаев дека мојата кариера ќе биде насочена во тоа поле. На академијата се запишав за да се стекнам со посериозни и академски структурирани познавања од оваа дисциплина,“ додава таа.

ВРЕДНОСТА НА ПРОФЕСИЈАТА

„Меѓу позитивните страни на оваа професија сметам дека е важно да се спомене широкиот дијапазон на можни работни позиции кои му се достапни на еден графички дизајнер, во согласност со неговите животни услови и преференци. Имено, голем дел од дизајнерите, било да се со поголемо или помало работно искуство, решаваат да работат freelance или на remote позиции, додека пак други преферираат работа од канцеларија. Можностите се големи во однос на специјализацијата, со опции да се работи како за големи маркетинг агенции, така и за помали фирми, стартапи и печатници. Успехот зависи од трудот и посветеноста кон оваа струка и постојаното надоградување на портфолиото,“ вели Ангела. ГАЛЕРИЈА НА ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА

СТЕКНАТИТЕ ВЕШТИНИ

„Во текот на обуката се стекнав со нови и корисни технички вештини и знаења, но исто така големо внимание беше посветено и на дискусии за тн. Soft skills, суштината на маркетингот, правилниот однос кон клиентите и кариерните можности во рамки на професијата графички дизајнер, теми за кои е многу потребно да се разговара во текот на образовниот процес. Најважно од сѐ, во текот на учебната година имав можност да воспоставам професионални и пријателски конекции со голема мрежа на инспиративни, креативни и посветени млади професионалци со кои се надевам на успешна и богата понатамошна соработка. Со оглед на тоа што академијата е акредитирана од МОН, завршувањето на истата и полагањето на специјалистичкиот испит претставува релевантна подготовка за започнување на пракса во компанија или freelancing,“ појаснува Ангела.

„Иако моето претходно образование како архитект и стекнатите знаења се тесно поврзани и апликативни и во сферата на графичкиот дизајн, сепак сметам дека наставата е формулирана на начин на кој би можеле да ја совладаат и апсолутни почетници, секако со многу истражување, посветеност и вежбање,“ појасни Ангела со цел да ги охрабри сите оние кои се уверени дека не се квалификувани за академијата.

ЗА ДОВЕРБАТА ВО СЕМОС ЕДУКАЦИЈА

„Со Семос Едукација бев запознаена и од претходно, преку неколкуте лиценцирани обуки на Autodesk и Adobe кои ги имав успешно завршено и од кои бев многу задоволна. Со стипендијата се стекнав преку процесот на доделување на стипендии по принцип на конкурс. Конкурсот на кој аплицирав во 2019 година беше на темата S.O.S, тема која ме инспирираше да размислувам за кои проблеми е потребно да се осврне вниманието на јавноста. Со таа цел, избрав да направам корелација помеѓу проблемот околу глобалното затоплување. Проблем кој е постојано актуелен и за кој во последните години, за среќа, сме доста информирани и полека почнуваме да се освестуваме; начинот на кој овој проблем се однесува на нашата непосредна животна средина и просторите во кои секојдневно престојуваме, за чијашто заштита сме директно одговорни, но и недоволно свесни и информирани,“ ни откри Ангела.

„За пофалба е комуникативноста и респонзивноста на предавачите, кои се секогаш подготвени да дадат совет и да го споделат своето знаење, не само во рамки на предметот, туку и во сите сфери на нивната струка. Во наставата се вклучени различни профили на професионалци со различни работни искуства и ставови од кои може да се научи многу за секој тип на специјализација во рамки на професијата графички дизајнер. Сепак, клучна за успех е посветеноста на слушателот кон наставата, како и колегијалноста и соработката помеѓу новите дизајнери.“ 

ПОВИК ЗА НОВИ КРЕАТИВЦИ

„Би им препорачала на сите оние кои сакаат да започнат кариера како графички дизајнери, без оглед на возраста и претходните кариерни избори и искуство, дека за успех во следењето на нивните соништа се клучни решителноста и постојаното истражување, учење и надоградување. Промена на правецот во кариерата не е нешто на што треба да се гледа негативно, потребна е само упорност, добра информираност и желба за знаење за да се успее. Индивидуалноста и натпреварувачкиот дух на дизајнерот во балансирана комбинација со колегијалноста, соработката и дружењето со други млади креативци е незаменлив генератор на добри идеи и успешни проекти,“ порачува Ангела.

ПОВЕЌЕ ЗА АКАДЕМИЈАТА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН