Winner и Кариерниот центар

Семос Едукација не е само компанија која обучува, туку компанија која точно знае да излезе во пресрет на барањата за високо квалитетен кадар

Познато е дека Семос Едукација ужива долгогодишна репутација во поглед на соработката со најуспешните компании во Македонија и странство. Успешната соработка со компаниите се должи на квалитетот на обуките кои Семос Едукација ги спроведува, а резултираат со пракса или вработување на нашите кандидати во некоја од овие компании. Летните менторски програми за најбараните IT професии се покажаа како доста успешни во поглед на регрутација на слушателите. Една од нив е и програмата за Data Analyst која резултираше со вработување на наш слушател во Виена Иншуренс Груп – Скопје. Со нив поразговаравме околу нивното искуство со Кариерниот центар на Семос Едукација.

Кои се Винер – Виена Иншуренс Груп?

Акционерското друштво за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп - Скопје  својата дејност ја извршува во рамки на неживотното осигурување на осигурителниот пазар во Р.С. Македонија. Компанијата е дел од австриската групација Виена Иншуренс Груп која има 50 компании во 30   земји во Европа и над 25.000 вработени. Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје со своите 70 филијали е секогаш ориентирана кон клиентите, а нашиот фокус е постојано насочен кон задоволството на клиентот од продажната, но и постпродажната услуга. Квалитетната и сеопфатна услуга во делот на продажбата, квалитетното реосигурително покритие и брзото и ефикасно решавање на штетите се основата на нашиот успех со години.

Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?

Како докажан центар кој преку обуки генерира кадри од конкретни области, сметаме дека е од голема помош во објективно оценување на знаењата на кандидатите кои ги поминале обуките што за нас го олеснува пристапот до кандидати со конкретни познавања за конкретните профили на вработени.

Како Кариерниот центар ви помогна да врaботите Data Analyst?

Врз основа на понудените кандидати и извршените интервјуа лесно беше да се избере соодветното лице за позицијата Data Analyst за релативно краток временски период. А од друга страна, знаењето на сега веќе нашата колешка кое е стекнато во Семос Едукација ни обезбеди заштеда на време во нејзина обука и отпочнување со работните обврски.

Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?

Тоа што имаат соодветна дата база на лица со кои имале искуство во текот на обуките, а согласно потребите и барањата на компанијата, со притоа висок степен на професионалност од страна на претставниците на Кариерниот центар, со сериозен пристап и подготвеност за соработка на највисоко ниво.

Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?

Топло би им препорачале да се обратат во Семос Кариерниот центар при проширувањето на своите тимови, бидејќи очигледно е дека не само што Семос е компанија која обучува, туку е компанија која точно знае да излезе во пресрет на барањата за кадар, со максимална заштеда на време и енергија во потрагата на кандидати за соодветните позиции.