Causeway Connect

Нашиот тим е збогатен со квалитетен кадар од Семос Едукација

Во богатата палета на успешни приказни во кои учествува Семос Едукација не се само поединци туку и компании кои инвестираат во едукација, професионална кариерна надградба и креирање натпреварувачки mindset кај своите вработени. Низ 25-годишното искуство, Семос Едукација помогна во градењето нови кариери и кариерен напредок во звучни домашни компании, опфаќајки ги сите бизнис сектори. Една од успешните приказни е и Causeway Connect со чии претставници направивме кратко интервју со осврт на нивното искуство со Семос Едукација.

Со цел да дознаеме повеќе, ги запрашавме: Kои се Causeway Connect и која е нивната дејност?

Causeway Connect е компанија за регрутирање на нови вработени и посредување при вработување во земјата. Ние работиме со клиенти исклучиво од Велика Британија, дејствуваме како конекција во областа за вработување и ги поврзуваме нашите клиенти од Велика Британија со сите потенцијални заинтересирани кандидати.

Вработените работат од нашите канцеларии во Скопје но се целосно посветени на клиентите во Велика Британија и дејствуваат како дел од тимовите во Велика Британија - на таа компанија. Во моментов имаме 30 клиенти и околу 100 вработени.

Преку внимателна проценка на барања од страна на клиентите за регрутација според утврдени стандарди, нашата цел е да помогнеме во да селекција, идентификување и понуда на соодветен кадар што овозможува вистинските кандидати да се поврзат со отворените позиции кои ги нудат нашите клиенти. Без разлика на експертизата на потребниот кадар, ние нудиме целокупна поддршка во процесот на селекција на вистинските кандидати за клиентите од Велика Британија.

Зошто се одлучивте за Кариерниот центар на Семос Едукација?

 Семос Едукација е водечка компанија за IT курсеви, дизајнирани за потребите на различни профили на корисници, со различно ниво на познавање на IT технологијата. Сметаме дека лицата кои посетувале курсеви во Семос Едукација се стекнале со соодветното знаење и се подготвени да навлезат во секторот за кој се обучувани. Свесни сме дека Семос Едукација се опремени со софистицирана информациска технологија, високо-образован кадар со долгогодишно искуство во креирање обуки  прилагодени на современите барања на пазарот на труд и дека ги доквалификува сите нивни посетители со соодветни знаења. Со Кариерниот центар на Семос Едукација наидовме на одлична сооработка, тие одговорија на нашите барања и ни помогнаа во изборот на бараниот квалитет на човечки потенцијал.

Како Кариерниот центар ви помогна да врaботите 1st Line Network Engineer?

Од страна на Кариерниот центар на Семос Едукација ни беа испратени повеќе кандидати кои посетиле обука за System/Network Administrator. Истата на кандидатите им овозможила да се стекнат со познавања во објаста на Networking environment, Network faults, Network services, CCNA, Cisco, како и Routing protocols, знаења кои беа приоритетни за лицата да бидат потенцијални кадидати за 1st Line Network Engineer позицијата.

Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?

Дефинитивно најмногу ни се допадна брзата реакција како и понудата на повеќе кандидати кои посетиле обука во Семос Едукација и се спремни да аплицираат за посочената позиција.

Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови во нивниот тим?

 ˶На наше големо задоволство, наидовме на одлична соработка со Кариерниот центар на Семос Едукација. Работната позиција за која се обративме - 1st Line Network Engineer е специфична позиција за која ни беше потребно лицето да поседува соодветни познавања во областа на Networking environment. Од страна на Кариерниот ценар на Семос Едукација ни беа предложени повеќе кандидати кои покажале соодветни знаења во областа. Им препорачуваме на сите компании, доколку наидат на потешкотии во пронаоѓање на соодветен кадар од специфична област, да се обратат до Кариерниот Центар на Семос Едукација.̋