Интервју со Наташа Божиновска Миркова

„Во рок од 3 работни дена стигнавме до посакуваниот нов член на нашиот тим и му понудивме вработување.“ - Интервју со Наташа Божиновска Миркова, Директор на Represent Communications

Запознајте ги Represent Communications – партнер и соработник на Кариерниот Центар на Семос Едукација кои вработија слушател од Академијата за Графички дизајн акредитирана од МОН. Разговаравме со Наташа Божиновска Миркова, Директор на Represent Communications и ја прашавме какво е нејзиното искуство со Кариерен центар...

1. Кои се Represent Communications?

Represent Communications е регионална агенција за интегрирани комуникации, присутна со пет канцеларии низ регионот вклучувајќи го Скопје, Белград, Подгорица, Сараево и Бања Лука. Represent како систем своето полнолетство го достигна минатата година со тоа што покажа дека квалитетот на услугите кон своите клиенти е клучот за успехот.

На локалниот пазар во Македонија, Represent Communications соработува со компании кои имаат потреба од односи со јавноста, дигитален маркетинг со конкретни метрики за локален и глобален пазар, развој на содржини,  спроведување на кампањи кои водат директно до зголемена продажба на своите производи/услуги и консалтинг во делот на комуникации кои ги опфаќа сите наведени услуги погоре. Денес Represent Communications Скопје може да се гордее на своето портфолио на клиенти кое опфаќа големи компании и корпорации, како на локалниот така и на меѓународниот пазар.

2. Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?

Поради тоа што знаевме дека Семос Едукација има што да понуди, притоа е единствениот едукативен центар во Македонија кој овозможува сертификација на слушателите што го потврдува квалитетот на едукацијата. Препораката од тренерите на Кариерниот центар е нешто кое искрено го цениме бидејќи доаѓа од стручен аспект. И за крај, она што најмногу го цениме од Кариерниот центар на Семос Едукација беше брзината на соработката и едноставноста во процедурите за склучување соработка.

3. Како Кариерниот центар ви помогна да врaботите графички дизајнер?

Комуникацијата со Кариерниот центар на Семос Едукација нѝ овозможи вработување на графички дизајнер веднаш, нешто што многу нѝ требаше, а моравме да делуваме брзо. Во комуникација со лица задолжени за оваа проблематика, во рок од еден ден, ние разменивме барање и добивме предлог на потенцијални кадри со препорака директно од тренерот. Бевме најавени кај слушателите дека ќе ги комуницираме за што повторно брзината во комуникацијата беше клучна за да можеме во рок од три работни дена да стигнеме до посакуваниот нов член на нашиот тим и му понудиме вработување.

4. Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?

Брзината на соработката, флексибилноста и професионалноста во испорачување на квалитетот на услугата за што сме искрено благодарни.

5. Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?

Да се обратат кај најдобрите. J Процесот на селекција знае многу често да биде долг и заморен, притоа да не се стигне до посакуваниот кадар.

Кога знаете дека можете да им се обратите на тие кои ја спроведуваат обуката кон слушателите преку врвни светски програми, а воедно се единствен Едукативен центар кој следи строго контролиран процес на едукација поради партнерствата со светски познати имиња како Microsoft, Cisco, Oracle, AWS, Adobe и многу други, како слушателите би можеле на крајот да се здобијат со сертификат за програмата која ја посетиле, веднаш ви е јасно дека квалитетот е тој кој го трасира патот до знаењето на тие кадри.

Кариерниот центар на Семос Едукација е тука за Вас и потребите на Вашата компанија. Нашиот тим ќе Ви помогне да го заштедите своето време и пари во процесот на регрутација и селекција на висококвалификувани кандидати.

Закажете средба на 075-286-839. Ве очекуваме.

Дознајте повеќе за Академијата за графички дизајн акредитирана од МОН, која што ја посетил слушателот кој што си обезбеди работа со помош на Кариерниот центар.