Бојан Мицевски Инженер за изработка на технички цртежи

Обуката во Семос Едукација беше основа за мојата кариера како Инженер за изработка на технички цртежи

Успехот на нашите студенти е и наш успех. Продолжуваме да креираме успешни приказни од кандидати кои се вработиле по посета на нашите обуки. Овојпат, во низата успешни приказни ја издвојуваме онаа на Бојан Мицевски кој ја посети обуката за Solid Works во Семос Едукација и по заложбата на Кариерниот центар, се вработи како како Инженер за изработка на технички цртежи во Енерго Систем. Поразговаравме со Бојан за тоа како си помина на обуката и како му помогна да дојде до посакуваната професија.

Зошто  се одлучи да посетуваш обука за Solid Works во Семос Едукација?

Посетувањето на обуката го гледав како инвестирање во себе за нешто што би сакал да го работам во иднина, кое е надградба на формалното образование што го имав завршено. Практичната работа што ја нуди обуката, професионализмот на менторот и неговата експертиза и содржината на самата програма беа дополнителен поттик да се одлучам да ја посетувам оваа обука.

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?

Најдобриот совет кој го имам слушнато за време на обуката од Семос Едукација и би сакал да го пренесам на идните посетители на истиот курс,е дека првично треба да имаме сопствена замисла како би го нацртале нештото што истовремено е и заштеда на време. Секогаш да веруваме на креативниот инстинкт бидејќи конечниот продукт е олицетворение на нашата креативност и имагинација.

Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

Самата обука ми беше основа за полесно да можам да ги разберам барањата на побарувачот и претворам во технички цртеж. Добив литература во најнова верзија со вежби, работа на лиценциран софтвер, обука спроведена од сертифициран Autodesk инструктор и многу споделени практични искуства и совети кои ми ја олеснаа работата и ме подготвија за работните предизвици.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?

Кариерниот центар лично ме контактираше и ме информираа дека имаат можност за мое потенцијално вработување и побараа согласност од мене за да го испратат моето CV.

Од што си фасциниран во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?

Работиме на големи проекти и имам шанса многу да научам, фасциниран сум како постарите колеги размислуваат од искуство и пробувам да го применам истото, истовремено се трудам да допринесам во примена на нови технологии со кои сум запознаен.

Каков совет би им дал на оние кои моментално бараат работа како Инженер за изработка на технички цртежи?

Постојано да инвестираат во надградба на своите познавања за софтвери кои се користат за изработка на технички цртежи. Да го прошират своето знаење не само во еден софтвер туку и во повеќе области кои ќе им помогнат да ги прошират своите видици, да работат на професионалниот развој и да напредуваат во кариерата.