Алек Амповски Java Developer

Советите кои ги добив на обуката ги применувам во сите сфери од животот

Летото е одличен период за работа на себе, доквалификација или кариерен пресврт. Потребата за квалитетни IT кадри, во услови на пандемија, зема се поголем замав кај компаниите и во freelance заедницата. Недостатокот од истите ги прави овие професии ценети и добро платени. Бројот на млади луѓе со аспирации кон IT индустријата е во постојан раст, а не заостануваат ни професионалците на кои новата кариера им е предизвик.

Успешната приказна на Алек Амповски, еден од нашите слушатели на Java менторската програма е показател дека и за релативно кратко време, со мотивација, упорност и посветена работа, може да се совлада секоја IT вештина.

Иако не му биле познати сите можности и курсеви кои ги нуди Семос Едукација, позитивните искуства на поранешните слушатели кои се детално запознаени со понудата и долгогодишната репутација на Семос Едукативниот Центар, биле одлучувачки фактори за Алек да го искуси процесот на едукација кој го нудиме.

На прашањето „Зошто се одлучи да учествуваш во менторска програма?“, Алек вели:

Самата менторска програма се одвива забрзано, што воедно претставува и предизвик, а како финален продукт од изучениот материјал се изработува проект заедно со останатите слушатели на обуката. Со толку искуства собрани на едно место кои ќе ми бидат од голема корист понатаму во мојата кариера, сметав дека е паметно да се осмелам на таква животна одлука и да бидам дел од оваа програм.

Кој е најдобриот совет кој го доби од твојот ментор и дали го пренесуваш на други?

Сметам дека секоја обука без совети и мотивација е механичка обука, што за среќа не беше случај со нашиот ментор кој со нас сподели свои искуства и практични ситуации од својата програмерска кариера, постојано нè мотивираше и нè советуваше како да постапиме во одредени ситуации, сето тоа во комбинација со знаење. Еден совет кој би сакал да го издвојам е тоа што многу често нè охрабруваше дека не треба да се плашиме бидејќи сè може да се научи доколку сме посветени на тоа. На крајот од обуката се уверив во тоа, а поентата на советот ја применувам и во други животни ситуации но и да советувам други луѓе да се вклучат во Летните менторски програми на Семос Едукација.

Колку обуката и менторската програма ти помогнаа да стекнеш дополнително знаење?

Обуката и менторската програма го донесоа моето знаење на повисоко ниво, почнувајќи од тоа дека научив доста за Java програмскиот јазик и технологиите кои се работат заедно со него, како и тимската работа која ја имав за време на изработка на проектот.

Кои технологии ги користеше во изработка на завршниот проект?

Со оглед на тоа дека стануваше збор за Spring Boot апликација, потребно беше да научиме дополнителни технологии кои беа неопходни за да се реализира проектот. На иницијатива на нашиот ментор, добивме информации што треба да научиме и од кои сугерирани извори што резултираше со проширување на знаењата за Spring Framework-от.

Дополнително, беше предвидено да се изработи конзолна апликација за која ние како тим , со сугестија на нашиот ментор одлучивме да бидеме амбициозни и да искористиме дополнителни технологии за front end. За таа цел, соодветно користевме HTML, CSS и Bootstrap за реализирање на нашата замисла и успеавме да го изградиме посакуваниот веб-сајт. Исто така, користвеме GitHub како платформа која дозволува заедно со останатите членови истовремено да работиме на проектот и истиот да биде прикачен online.

Кои беа твоите очекувања од менторската програма и дали истите се исполнија?

При самото вклучување во програмата очекував дека ќе добијам едукација која ќе ги збогати моите предзнаења и дополнително ќе научам нешто ново од истиот процес. По презентацијата на проектот како финален чин, заклучив дека научив многу нови работи кои ќе ми бидат од голема корист во понатамошната кариера.

Каков совет би им дал/а на оние што размислуваат дали да се запишат на менторска програма во Семос Едукација?

Го охрабрувам секој еден кој сака да работи на себе и на подобра иднина, да се вклучи во Летните менторски курсеви на Семос Едукација и да избере професија според своите желби и способности, а со тоа да си обезбеди и подобра иднина. Ангажманот на Семос Едукација не завршува со завршувањето на самата обука. Кариерниот центар постои за потребите на кандидатите и нивната иднина преку можностите за пракса и регрутација при вработување.