Ивица Ѓорѓевски Certified CND Instructor

Денес сајбер безбедноста дефинитивно е посебна дисциплина и професија која се бара сè повеќе и на домашниот пазар

Заштитата на мрежните системи од потенцијални хакерски напади е императив за зачувување на доверливите податоци и репутацијата на секој бизнис. Ранливите и незаштитени безбедносни системи ги прават компјутерските мрежи подложни на мрежни закани и напади, посебно во овој пост-пандемиски свет, каде работата на скоро сите бизниси се одвива воглавно online. За да дознаеме за деталите на Летната менторска програма за Network defender by EC Council, поразговаравме со инструкторот од оваа програма, Ивица Ѓорѓевски.

Здраво ИвицаЗа почеток претстави ни се за подобро да те запознаеме

Здраво. Јас сум Ивица Ѓорѓевски. Работам во Семос Едукација веќе 6 години како инструктор кој го покрива делот за сабер безбедност, поточно курсеви од официјалната програма на EC Counicil. Во областа на сајбер безбедноста работам повеќе од 15 години. Воедно сум и Раководител на одделението за информатичка безбедност во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како моја постојана работа.

Кои се должностите на еден Network defender и кои квалификации треба да ги поседува?

Certified Network Defender е неутрална програма и не е врзана за одреден вендор или компанија. Овозможува непристрасен пристап кон изучување на безбедносните практики во однос на компјутерските мрежи, како анализирање и зајакнување на компјутерските системи во IT инфраструктурата на нашите компании. Оваа програма е дизајнирана од страна на експерти во IT индустријата со цел да им помогне на IT професионалците во заштита на дигиталните бизнис ресурси, детекција и одговор на сајбер заканите, со искористување на информациите во однос на заканите, со цел да ги предочи пред тие да се случат.

Кои се кариерните можности кои оваа професија ги нуди?

Крајната цел на Certified Network Defender е да помогне на Blue тимот (тимот кој се грижи за безбедноста на системот) во спречување на напади и мрежни закани во овој пост-пандемиски свет. Програмата е идеален курс во однос на сајбер безбедноста за организациите и поединците заради следниве причини:

  • Се фокусира на последните технологии вклучувајќи Clud, IoT, виртуелизација и закани во однос на работа од дома, анализа на можните напади, прибирање на информации во однос на разлини закани, софтверски дефинирани мрежи (SDN), виртуализирани мрежни функции (NFV), како и Docker, Kubernetes и безбедност на контејнери.
  • Ги покрива последните алатки, техники и методологии кои се користат од врвните експерти во областа на сајбер безбедноста во целиот свет.

Што ќе се изучува на Летната менторска програма за Network defender?

Новата CCNA програма e дизајнирана да ве подготви за работа во IT индустријата. Согласно новата програма во CCNA обуката, како нови теми се вклучени мрежна безбедност и автоматизација со програмабилност. Предност на програмата е тоа што опфаќа широк спектар на технологии кои се одлична основа за градење на IT кариера. Преку hand-on пристап и многу проекти (лабови) програмата ќе ви помогне да се подготвите за позиција во IT индустријата.

Твој совет до идните слушатели на оваа обука?

Оваа програма е идеална за сите оние кои сакаат својот пат да го насочат кон сајбер безбедноста. За овој курс потребно е само основно познавање на оперативни системи и компјутерски мрежи, но дури и за тој дел во дигиталните материјали е вклучен доплнителен материјал за овие теми кои слушателот треба самостојно да ги прочита. Денеска една од жешките теми е безбеднста на нашите системи и мрежи, секојдневните хакерски напади, крадењето на дигитални податоци, вклучувајќи и лични податоци, зголемување на сајбер криминалот итн. За таа цел, ако до вчера безбедноста беше составен дел на Систем администраторите и Мрежните администратори, денес сајбер безбедноста дефинитивно е засебна дисциплина и професија која се бара сè повеќе и на домашниот пазар. Имплементацијата на безбедносните мерки на различни нивоа е динамичен процес кој никогаш не завршува.