Верица Маневска - Microsoft сертифициран тренер во Семос Едукација

Учењето е еволуција на мислите, а знаењето е моќ

Кажи ни нешто за себе

Моментално во IT индустријата работам на Advanced Analytics (напредна анализа на податоци),  користејки Мicrosoft технологија Power Bi и Azure, а воедно и сум Microsoft сертифициран тренер во Семос Едукација. Мојот едукативен и професионален background e поврзан со работа со податоци.

Знаеме дека сме преплавени со податоци и дека светот “се дави” во data. Податоци кои доаѓаат од различни извори, дали е тоа social media, website кој нуди услуги на клиенти или пак сензорски податоци. Ако се знае како правилно овие податоци да се обработат и кои соодветни методи да се применат,  компанијата носи подобри одлуки, што води кон зголемување на профитабилноста на бизнисот. Потребата за кадар,  односно професија која ќе биде обучена да ги трансформира податоците во корисни информации само ќе расте во годините што доаѓаат. Технологијата навистина е водечката индустрија на светот.

Зошто се одлучи да бидеш тренер?

Како IT професионалец, сметам мојата експертиза во  Advanced Analytics можам да ја пренесам на оние кои сакаат да ги надградат своите IT вештини. Microsoft Certified Trainer е највисоко рангирана титула која ја издава Microsoft и ми беше навистина предизвик да се стекнам со вакво признание. Со самото здобивање на Мicrosoft сертифицирана титула за тренер (MCT) покажувам дека  исполнувам сериозни барања во одредена технологија и познавања на Microsoft продукти, како и дека поседувам исклучителни вештини за предавање.

Процесот на споделување на знаењето има многу моќна цел. Цел која води кон создавање на кадар кој ќе биде обучен да работи на одредена технологија, бидејќи технологијата е водечка индустрија во светот. Благодарение на искуството стекнато  на обука и препораките кои ние како тренери ги споделуваме, оваа цел е навистина остварлива.

Да се обучат луѓе кои попрецизно, побрзо и поефикасно ќе ги решаваат проблемите и задачите на работа е навистина предизвик. Задоволство е кога ќе видиш дека слушателите се мотивирани за успех.

Како почна твојата Семос авантура?

Мојата Семос авантура почна лето 2020 во Ковид време, кога решив да ги сертифицирам моите вештини во областа Data Science I Data Analytics. Низ целиот процес ме водеше Ирена Ивановска, Senior Director во Семос Едукација. Без нејзината безрезервна помош и поддршка, мојот професионален ангажман  за работа како тренер немаше да биде остварен. Таа ги препозна моите вештини и ме насочуваше кон остварување на целта. Она што сум денес дел од  Microsoft и Семос Едукација и го должам на неа.

MS нуди официјални сертификати за Data Science и Data Analytics, при што слушателот откако ќе се обучи преку посета на официјална Microsoft обука , станува способен да полага и да се здобие со сертификат.

Она што мене ме мотивираше е да ја проширам мојата кариера како МS сертифициран тренер со што ќе бидам оспособена да ја споделувам мојата експертиза во областа со слушатели во Македонија и во странство кои работат на Дата анализа проблематика. Работа со луѓе од различни области и сектори е навистина предизвикувачка и мотивирачка.

Што е најинтересен дел од твојата работа како предавач во Семос Едукација?

Секогаш имам разновидни групи, од слушатели почетници кои навистина се мотивирани да се здобијат со знаење, до слушатели кои се добро потковани во областа но сакаат да се ја усовршат својата експертиза во технологијата.

Секогаш за време на моите предавања се развива дискусија во која се  споделуваат искуства или пак препреки со кои се среќаваат  во нивната секојдневна работа и сум навистина среќна што секогаш успеваме да најдеме решение на секое прашање или проблем со кој се соочиле. Најмногу ме исполнува позитивниот feedback што го добивам откако ќе заврши курсот, дали е тоа личен е-маил или благодарна порака споделена на Link ID мрежа. Тоа ме мотивира секогаш да се подобрувам  и да го дадам својот максимум.

Што би им порачала на оние што сакаат да станат дел од тимот на предавачи во Семос Едукација?

Би им препорачала да бидат храбри и истрајни во исполнување на својата цел да станат дел од Семос Едукација бидејќи да се биде тренер е непроценливо искуство. Придобивката е навистина вредна. Не само што споделувате знаење туку и вие самите станувате помоќни во знаењето и експертизата. Учењето е еволуција на мислите, а знаењето е моќ.

The more you learn, the more you earn :))