Благој Јанев - AWS Certifed Instructor

Целта на AWS Discovery Day е да се едуцираат бизнис лидерите и IT техничките професионалци за бенефитите на користење на AWS Cloud.

Кажи ни нешто за себе?

Здраво, јас сум Благој искусен Chief Technology Officer, со долгогодишно искуство (преку 17 год) во развој и комплетирање на комплексни проекти од концептуална идеа до нивна реализација, дизајнирајки скалабилни решенија кои додаваат вредност во работењето на компаниите. Професионалец со големи вештини во архитектура и изработка на  cloud решенија и доставување на Software as a Service продукти.

Дали можеш да издвоиш еден проект на кој што си особено горд?

Низ годините сум бил вклучен во многу проекти и секој од нив си има свои предизвици и тежина за да биде реализиран. Омилени ми се проектите поврзани за дигитализација на процеси, во нив многу брзо може да се забележат придобивките кои крајните корисници ги уживаат. Доколку издвојувам еден од поинтересните ми беше проект во кој за првпат искористив blockchain како технологија и каде што заедно со тимот успеавме да го скалираме решението наменето за стотина корисници истата платформа успешно и без проблеми да ја користат милиони корисници.

Сертифициран AWS тренер си, но имаш и други AWS сертификации, колку е важна сертификацијата за раст во кариерата?

Јас сум љубопитен по природа и самиот процес на осознавање и како се вклопуваат разните делчиња во сложувалката наречена архитектура на проект е нешто во што уживам. Го ценам процесот на учење и примена на стекнатото знаење многу повеќе од самиот сертификат. Сепак сертификатот дава до знаење на потенцијалните работодавачи а и клиенти со кои соработуваме дека многу полесно ќе се добие квалитетно решение без разлика дали тоа е во делот на зачувување на податоци, мрежна поставеност на проектот, податочни бази, сервери, заштита на податоците итн. 

3 причини зошто препорачуваш да се учи AWS?

AWS веќе со години е лидер како cloud provider, без разлика дали си веб програмер, развиваш податочни бази, IoT, AI/ML програмер ќе може да најдеш сервис (AWS нудат преку 200 најразлични сервиси во многу домени) кој ќе го забрза развојот на решението и ќе им го олесни животот на крајните корисници, па и на сите инволвирани во проектот.

Големата достапност на материјали и вежби го олеснуваат патот да се започне да се користат сервисите на AWS, сето ова олеснето со посета на курс и инструктор овозможува побрзо усвојување дури и да немате никакво искуство во ИТ индустријата. Поделбата на сертификати на нивоа: foundational, associate, professional и specialties, овозможува секој да може да ја започне оваа авантура.

Поседувањето на AWS вештини е многу барано во светски рамки, со тоа оние што ги поседуваат овие вештини се добро платени.

Дали AWS може да им помогне на бизнисите во процесот на дигитална трансформација? Како?

Започнувањето и одржувањето на бизнис си носи свои предизвици, AWS нуди голем број на сервиси кои може да се искористат за да се изгради, пушти во употреба и мониторирање на решението. Притоа патот на дигитално трансформирање на организациите е различен за секоја организација и е единствен за истата. Сепак постојат концепти, стратегии и фази кои може да се применат, како иницијализација, подредување, пуштање во употреба и воочување на вредноста од дигиталната трансформација. Притоа треба да се земат во предвид различните перспективи како:

  • Бизнис перспектива – спојување на посебните стратегии на бизнисот и ИТ со интеграција на бизнис моделот во ИТ стратегијата. Определување на ризиците и препознавање на бенефитите.
  • Ресурсна перспектива – како и кои се афектираните тимови и како истите да ги надополнат своите вештини за успешна трансформација на бизнисот.
  • Управувачка перспектива – идентификација и имплементација на најдобрите практики кои ќе му помогнат на бизнисот во трансформацијата.
  • Платформска перспектива – дизајнирање, имплементација и оптимизација на AWS архитектурата и правилно искористување на сервисите базирано на бизнис потребите.
  • Перспектива на безбедност – одбирање и имплементација на контроли на безбедност на податоците, инфраструктурата и сервисите.
  • Оперативна перспектива – секојдневно извршување, користење, мониторирање и опоравување на решението според потребите на бизнисот.

Каква кариера може да имаш со знаењето стекнато за овој сервис (во кои  индустрии), кои професии може да ги работиш?

AWS сервисите се користат во најразлични индустрии како Автомобилска, Едукација, Маркетинг, Финансиски, Игри, Здравство, Продажба, Забава итн. Нивна примена може да се најде во сите сфери на нашето живеење. Што се однесува до професиите кои може да ги работи тој што поседува сертификат е навистина широк почнувајќи од индивидуалци кои што работат во технички сектор, како менаџери, продажба или имаат финансиска улога во AWS Cloud, архитекти и инженери на решенија до системски оператори, системски и развојни администратори.

Што би им препорачал на оние кои сакаат да дојдат на AWS Discovery day?

Целта на AWS discovery day е да се едуцираат бизнис лидерите и IT техничките професионалци за бенефитите на користење на AWS Cloud. Притоа ќе се здобиете со основно знаење за концептите и бенефитите и истиве ќе ви помогнат во одредување на понатамошниот пат во зависност за улогата за која сте заинтересирани. Од друга страна ќе се запознаете со AWS сервисите кои може да помогнат во унапредување на бизнис процесите и оптимизација на трошоците, здобивајќи се со знаење за бенефитите кои AWS ги нуди во сферата на безбедност и почитување на законските норми.

Резервирај си место на вториот AWS Discovery Day на следниот ЛИНК