Ане Крстевска Academic Advisor

Која е Ане Крстевска?

Ане е дел од тимот на Семос Едукација, Academic Advisor на Сертифицираната Академија за дигитален маркетинг  и воедно:

  • Број 1 Маркетинг и Брендинг Гуру
  • Соработува со голем број светски компании,  вклучувајќи го Google и Facebook
  • Експерт во напредни стратегии засновани на позиционирање, продуцирање и маркетинг на вашиот бизнис
  • Изградено и продадено два 6-figure онлајн бизниси
  • Учесник и говорник на големи светски конференции како AdWeek, Mogul, Ezoic и многу други

1. Ане, кога би требало да се опишеш себеси со три зборови, тие би билe...

Три зборови се малку. Но би рекла - не сум обожавател на површински разговори. Претпочитам длабоки и суштински разговори. Човек со отворен ум кон светот.

2. Што е да се биде сертифициран дигитален маркетер денеска?

Значи многу. Значи пред се флексибилност, креативност, материјална исполнетост, отвореност кон светот. Дигиталниот маркетинг е број 2 професија во светот, каде побарувачката на квалитетен и сертифициран кадар е се поголема и поголема. Она што ќе ве одвои од останатите во поглед на сертифицираноста е вашата вредност. Колку вредите на тој пазар. Не е исто да зимаш 5 и 55 долари од час, нели?

3. Ти имаш големо искуство во оваа област. Кој дел од оваа професија најмногу ти лежи?

Јас сум фокусирана на SEO (Search Engine Optimization), поконретно соработувам со SEO агенции во Америка чиишто приходи изнесуваат над 5 милиони долари годишно, за правилно позиционирање и продуцирање на нивните услуги на пазарот правејќи ги уникатни во однос на нивната конкуренција.

4. Кои знаења и вештини се кријат зад Академијата за дигитален маркетинг - што сѐ носи во себе?

Пред сѐ, оваа академија носи почит. Почит кон парите што секој од учениците ги издвојуваат за да постигнат одредена цел во нивниот живот. Да се излезе од една комфорна зона во која 90% од луѓето во Македонија живеат и да се направи нешто ново, нешто свое е многу тежок процес. И во тој процес нашата цел е да бидеме максимална поддршка за учениците. Нашиот пристап е ученикот пред се. Навлегуваме суштински во нив и ги водиме низ целиот тој процес на растење не само преку предавањето низ модулите. Тоа е клише. Влегуваме подлабоко, психолошки, работиме на нивниот mindset.

Понатаму таа почит е претворена во дружба. Не за атер на реклама или било што. Имаме разно разни дружби надвор од предавањата. Збориме дополнително за дигиталниот маркетинг. Се запознаваме. Делиме совети. Моите консултантски услуги во Америка изнесуваат 550 долари од саат. Овде е free. А тоа е така бидејќи во животот секогаш треба и да даваш, не само да зимаш. И ова е она што недостасува во ова поднебје. Колку повеќе растеш, толку повеќе треба безусловно да даваш. Размена на енергија. Само така и на тој начин ќе растеш уште повеќе.

Не се прскаме со рекламирање преку разно разни инфлуенсери затоа што не сме површински насочени туку длабоко и суштински. Понатаму, нашата академија е единствена во Македонија која што вклучува практична работа за време на целата академија - од модул 1 па до крај. Единствени сме кои им даваме на студентите платен пристап во период од 1 година на сите дигитални алатки кои ќе им бидат потребни не само за време на академијата, туку и по неа. Мотото кај нас е пракса пред се, па потоа теорија. Имаме и симулативна (виртуелна) платформа каде се изработуваат проекти и истите се оценуваат во Америка. Нашата цел не е студентите да завршат и да ја земат дипломата за да ги исфоткаме и ставиме на нашите социјални медиуми како успешни студенти. Нашата цел не е да им праќаме линкови од компании кои вработуваат па со среќа нека ви е. Нашата цел е да ги споиме со светски компании, нашата цел е да им помогнеме да се издигнат како самостојни претприемачи во оваа област. Никој не е успешен се додека не ја оствари својата цел поради кој се запишал. Дипломчето пемпелче нема никаква вредност се додека не го имплементирате тоа знаење. Можам да се фалам до утре сабајле за тоа со каков одличен вендор соработуваме, светска компанија од Силиконската долина, и за тоа дека тие дипломи се светски признати и поддржани од компаниите како Google, Facebook и останатите гиганти во Силиконската долина… но мојот пристап е светски пристап. Кај нас има строгост и дисциплина. А тоа е така бидејќи се насочуваме кон градење на квалитетен кадар. Први сме кои понудивме демо разговор каде јас лично се сретнувам на 1:1 консултација со потенцијални заинтересиран студенти каде од двете страни одлучуваме дали е ова вистинското за нив. Нашата цел не е да испозапишеме било кој и да ги собереме парите...нашата цел е подлабока. Следно кое ќе го правиме е професионални собиранки на Clubhouse каде ќе ни гостуваат познати странски експерти од оваа област - па ајде да видиме кој прв ќе ни ја ископира оваа идеја хахаххаха.

5. Омилен модул на Академијата...

За мене SEO се разбира :)

6. Колку дигиталниот маркетинг како професија е барана  на пазарот на трудот во Македонија и надвор?

Надвор премногу. Надвор оваа професија страшно многу се цени и плаќа, а пред се почитува. За жал во Македонија е ова извртено од многу аспекти - прво, во светот, конкуренцијата соработуваат едни со други. Си гостуваат на подкасти, евенти, гости си се едни на други каде си ги рекламираат своите производи и услуги што ги нудат. Кај нас сето тоа е на едно толку ниски ниво каде што конкуренцијата е буквално насочена кон тоа како да ти украде идеја, или по народно кажано како да ти забие нож во грб. За жал ние сме 2 века назад, а најголемата причина е бидејќи не работиме на СЕБЕ пред се. Насочени сме кон парите како главна цел а не корисникот. Кон квантитет а не квалитет. Формулата е многу едноставна - насочи се кон корисникот, реши ги неговите проблеми и парите сами си доаѓаат. И второ, кога една компанија во Македонија објавува оглас за позиција во одредена област од дигиталниот маркетинг, самиот опис на работно место опфаќа буквално се - ги читам и си велам, каде со овој памет? И што е најтажно, не се прифаќа конструктивен фидбек. Се прави одбранбен систем од типот „ти ќе ми кажеш”. Во светот се плаќа за да добиеш конструктивен фидбек бидејќи тоа ти е вистинска дата со која работиш на подобрување.

7. Моментален тренд или професија што ќе остане?

Не би сакала да издвојам бидејќи навистина секој сегмент од дигиталниот маркетинг е подеднаков важен и баран. Овде би додала дека секој ќе се пронајде себеси во одреден дел а со самото тоа што би го изнела својот став кој е поврзан со она што мене ме влече, сите ќе се насочат кон тоа.

8. Како луѓето да проценат дали оваа академија е токму за нив?

Како што напоменав, мојот календар има ограничен број на места за закажување на 1:1 разговор каде проценуваме дали е ова навистина правиот избор за нив.

9. Твој совет за идните маркетери...

Што ќе бидете 5 години од сега зависи од 2 работи:

  • Книгите што ќе ги прочитате, курсевите што ќе ги завршите, сѐ она што ќе го внесете во вашиот ум.
  • Луѓето со кои сте опкружени - ако се тоа луѓе кои не веруваат во промени, луѓе во комфорна зона, медиокритети, негативни, без амбиции, кои не преземале ништо позначително во својот живот, луѓе со ограничени размислувања, тогаш и вие ќе пловите во нивната орбита. Окружете се со позитивни луѓе, идеи, со можност константно да се надградувате и да им помагате и на другите. Не ги слушајте блиските. Слушајте си го внатрешниот глас и не дозволувајте да ве разубедат во она во кое вие верувате. Никој не знае подобро од вас самите.